Прво, регулираат исклучоци, не доообјаснуваат, не доуредуваат. Тоа само по себе е ризик од корупција, рече Миша Поповиќ од Институтот за демократија во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, во врска со предложените измени на девет законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д, чија изградба е доверена на американско-турскиот конзорциум „Бехтел&Енка“.

„Регулирате некакви исклучоци, особено затоа што давате привилегија на некој со законско решение, низ исклучок наспроти други кои се исто така обврзани со законите“, изјави Поповиќ.

Договорот со „Бехтел&Енка“ крена многу прашина во јавноста од неговото откривање. Документот е обемен, напишан е на 400 страници, но детали се кријат од јавноста. Владата остана на ставот за анонимност на договорот, а премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека владата одлучила договорот со „Бехтел&Енка“ денеска да му биде предаден на обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.