Оваа 2022 година е генерално година на стагнација за младите. Надежна година е само низ призма на локалната власт која е главно водена од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи таму некој работи поинаку, рече Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24.

2022 би ја оценил како поразителна, а ние младите сме иднина на државата и фокусот требаше да биде ставен на нас, рече Попов.

Тој се осврна и на европската интеграција на државава.

Ние како партија сме за ЕУ, но патот не го гледаме како актуелната власт, ова што се бара од нас е поразително, мислам на Бугарија и барањата, како и уставните промени. Ние сакаме во ЕУ како Македонија, а не само да даваме сантим од чергата, посочи Попов.

Се осврна и на темата корупција, која е еден од најголемите проблеми со кои се соочува државава.

Секој четврти млад човек вели дека се сели поради корупција. Изминативе години тонеме на секое мерење на секој меѓународен фактор. На пример, на мерењето на ИРИ и прашањето – дали има владеење на право млади на возраст од 18 до 35 години 61 велат не, 46 проценти на млади се изјасниле дека се живее полошо од лани, а 45 проценти исто, или значи дека 91 процент од младите ситуацијата во државава ја оценуваат како катастрофална. Ова се работи кои треба да ја удрат Владата во глава бидејќи таа ја има полугата да се бори против корупцијата. Ова се податоци кои кажуваат дека младите масовно се иселуваат и оти поради корупцијата државата си ја оценуваат како маќеа, посочи Попов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.