Доскорешниот лидер на ЛДП, Горан Милевски и поранешен министер за локална самоуправа, Горан Милевски ќе биде нов македонски амбасадор во Љубљана, Словенија, а Едмонд Адеми ќе замине во Мадрид, Шпанија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека процедурата и за двајцата е завршена и дека за нив се добиени агремани.

Засега останува спорно што ќе се случува со Виктор Димовски кој требаше да замине за амбасадор во  Париз, но по скандалот со Олександр Онишченко неговото заминување е под прашање. Османи најави дека допрва ќе има консултации со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски по што ќе се донесе конечна одлука дали Димовски ќе оди во Париз или не.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.