По повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј, денеска беше положено цвеќе на споменикот во универзитетскиот кампус во Скопје.

На настанот покрај ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, присуствуваа и декани, професори, како и други лица поврзани со Универзитетот.

Како уште еден дел од низата свечености за одбележување, коа започна во петокот ќе биде и вечерашната свечена академија во НУ Филхармонија, која ќе почне од 20 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.