Решив оваа објава да биде јавно објавена, за од уше во уше да појде кај ” господинот ” кој за една детска игра ( верувам и тој како малечок си играл така) решил да дели правда. Тој веќе мене ме знае, а јас него не и многу сакам да го запознаам, пишува Маја Дукоска на својот фејсбик профил каде сподели непријатно искуство.
На ден 17.11.2023 после долги и упорни ѕвонења на син ми кој после часови беше излезен со другарчиња да си игра, во 14.15 ми се јавува целиот расплакан и растревожен и ми кажува дека е оставен во училиштето каде што учи. Појдовме со сопругот, го зедовме и ни кажа дека некој го натепал. Абе пријателе не си го натепал ти, туку си го здробил, си го отекол. Па тоа дете има родители колку што си разбрал, па зошто не го донесе дома, па да се разберевме како луѓе? Или си познат ептен што полицијата не мрдна со уше, оти истиот ден те пријавив тебе непознат манијаку. Ни шумската полиција не сака да те каже што те сретнала уз пат. Замисли ни служителките во училиштето кај што си го предал син ми не сакаат да кажат ништо, мислеле дека си му татко..ахахахахах…смешен ми е делот со таткото оти нас не познаваат, секој ден се гледаме, башка комшии сме. Абе вака арен си ти повеќе од пола час да малтретираш 8 годишно дете или не си, да го влечкаш истото добри 200-300 метри и да му се закануваш дека ќе го утепаш ако се јави на моите упорни повици? Изгледа не си арен. За потрагично да биде, полицијата ја молев да појдат до училиштето и да ги прегледаат снимките, празни ветувања добив па истите исчезнаа, исто и со директорката, сакала само службено.
Затоа мислам дека си некој битен, ама сепак те замолувам да се видиме оти имам едно пакетче вентил капици за тебе, оти за истите си го шамарал, боксувал и клоцал син ми. Се надевам дека ќе се запознаеме.
Поздрав.
П.с. секоја чест на исклучоци, вам ви благодарам за соработката, но сепак е без успех. Да не ве именувам, си се знаете кои сте. Љубов до вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.