Стапува во сила Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата која Владата ја донесе пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците.

Во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната униформа се: натпис “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, натпис “СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA E TRAFIKUT” “TRAFFIC POLICE”, амблем “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, амблем “ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA KUFITARE” “BORDER POLICE”, амблем во форма на штит со намалени димензии и метална ознака за шапка“, пишува во Уредбата.

Тројазични стануваат и амблемите на Единицата за интервентна полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лани најави дека најдоцна до март годинава униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година, изјави Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.