По верификацијата на пратеничкиот мандат на досегашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, се до изборот на нов министер, со Министерството за транспорт ќе раководи заменик министерот Беким Реџепи.
Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека во овој период, согласно законските прописи, заменик министерот Реџепи ќе ги извршува тековните активности за непречена работа на овој ресор.
На парламентарните избори, што се одржаа минатиот месец, Бочварски беше избран за пратеник од редовите на Коалицијата предводена од СДСМ. Министерската функција ја вршеше од 31 август 2020 година, а претходно беше градоначалник на Штип.
Реџепи е заменик министер од 23 септември 2020 година, а претходно бил член на Судскиот совет, заменик директор во КПУ „ Идризово“ – Скопје, извршен директор на АД „Енергетика Скопје
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер.
Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша.
– Во овој период, согласно овластувањето од 27.05.2024 година, заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството, а веќе извршена е и измена и во Централниот регистар, се појаснува во соопштението од МЗШВ.
Министерството за одбрана денеска информира дека со верификација на пратеничкиот мандат на 28 јуни, на министерката за одбрана Славјанка Петровска и заврши функцијата.
До изборот на нов министер, наведуваат во соопштението, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.