Во Основен суд Скопје 1 денеска почнува судскиот процес по тужбите поднесени на 27 јануари 2023 година против министерот за надворешни работи Бујар Османи и медиумот „360 степени“ од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов и ММДЧП како организација.
Османи и „360 Степени“ се гласно критични против сите кои ќе изразат несогласување со режимот и со американските анти-македонски политики, и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
На 27 октомври 2022 година, 360 Степени објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за Македонското меѓународно движење за човекови права и за претседателот на ММДЧП Бил Николов. Во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов. Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година.
360 Степени објавува дека во моментов прима средства од Националната фондација за демократија (НЕД), која пак потврдува дека е во најголема мерка финансирана од американскиот Конгрес. 360 Степени исто така добивал средства од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), факт потврден од УСАИД тука, и од британската и холандската амбасада. Инсерти се достапни тука.
Режимот во Македонија беше инсталиран на власт од Соединетите Држави и и понатаму ја има нивната целосна поддршка, со цел со сила да ја спроведе нелегалната промена на името, како и други надворешно-политички цели на САД, велат од ММДЧП.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.