На 52-годишна возраст во градот Шенѓин, Албанија, на 23 јуни почина Исуф Кадриу, заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат.

Кадриу бил на годишен одмор со семејството во Албанија.

Новинарот средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана.
Од 2008 година беше заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат во информативната програма.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.