Првиот човек на вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 истакна дека, по неодамнешните наводи на сопственикот на Доказ.М, Маријан Стаменковски за наводна инволвираност на обвинители во неговите текстови, поднел дисциплински и информација во форма на кривични пријави против двајца колеги.

После јавната седница закажана на 17 мај, и откако сегаосудениот Марјан Стаменковски, ги обзнани информациите дека наводно некои од јавните обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје контактирале, односно му брифирале за наводните случувања во Вишото јавно обвинителство Скопје, затоа потенцирам наводните случувања во Вишото јавно обвинителство. Јас како виш јавен обвинител на ова обвинителство се обратив и побарав писмена информација од ОЈО каде што се води предистрага за предметот за финансиските средства на Стаменковски и имаат запленети мобилни телефони, компјутерите и веќе се извештачени побарав детална информација од страна на шефот на ОЈО и истиот ми одговори на побараните информации – вели Хајрулахи во изјава за Канал 5.

Тој додава дека од информациите кои што ги добил поднесол предлог за дисциплинска одговорност против двајца обвинители до Комисијата за дисциплинска одговорност на јавните обвинители.

Покрај предлогот за дисциплинска одговорност, Хајрулахи поднесол и известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител, сè со цел да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото јавно обвинителство.

За едниот јавен обвинител поднесов кривична пријава за можно сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на личните податоци“. А за другиот јавен обвинител поднесов кривична пријава за „злоупотреба на личните податоци – порача Хајрулахи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.