По барање на Народниот правобранител доставено до Агенцијата за заштита на лични податоци повлечени се објавените списоци со лични податоци на граѓани – корисници на посебен додаток за секое дете посебно, на право на социјална сигурност на стари лица, на правото на надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост без потреба од контролен преглед, како и на самохрани родители кои се евидентирани како корисници на гарантирана минимална помош.
Агенцијата за заштита на личните податоци денеска го информирала Народниот правобранител дека Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза не е доставен на претходно мислење до Агенцијата и истиот не ги содржи потребните елементи и правила предвидени со прописите за заштита на личните податоци.
– Од страна на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата, беше телефонски контактирана веднаш штом ја примиле наредбата и им се објасни дека контролорите (Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија) извршиле обработка на лични податоци за исполнување на законска обврска, но сепак по исполнување на целта мораат истите да се избришат, се нагласува во дописот од Агенцијата за заштита на лични податоци.
Имајќи предвид дека Министерството за труд и социјална политика во конкретниот случај е и предлагач на Законот, од Агенцијата за заштита на лични податоци велат дека им укажале на потребата да се направат соодветни измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза со цел усогласување со прописите за заштита на личните податоци.
– Воедно ве информираме дека контролорите – Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија во определениот рок преземаа соодветни дејствија според Наредбата (видно од нивните веб страници), но се уште се очекуваат писмените известувања од нивна страна за кој рокот се уште е во тек, се вели во дописот од Агенцијата за заштита на лични податоци до Народниот правобранител.
Од Агенцијата за заштита на лични податоци нагласуваат дека доколку не се направат соодветни измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза од страна на предлагачот – Министерството за труд и социјална политика, контролорите и наредниот месец имаат законска обврска повторно да објават вакви списоци според одредбите од членот 5 од овој закон.
Народниот правобранител на 6-ти овој достави барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, откако на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика ([www.mtsp.gov.mk]www.mtsp.
Министерството информира дека списоците се објавуваат согласно член 17, 18 и 19 од Законот за заштита на лични податоци, а во врска со член 5 од Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.
Од увид во списоците, неспорно е дека се објавува: Број на досие, име и презиме на корисникот, улица и број, место и општина, а за децата – правото и податок за носителот на исплатата.
– Неспорно е дека во Законот за финансиска поддршка, во член 5 став 3 е уредено ова прашање (објавување на списоци со лични податоци), но сметам дека во случајот Министерството објавува голем број податоци кои се лични ( како за деца, лица со попреченост, така и за граѓаните корисници на некој од надоместоците), но, сметаме дека истото нема своја основа во член 17,18 и 19 од Законот за заштита на личните податоци, на кои се повикува Министерството, вели Народниот правобранител.
Инаку, за ова реагираа и голем број на родители, а до Народниот правобранотел претставка има подесено Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.