Луѓето што работат во контролата на летање, дури и да имаат недоразбирања меѓу себе, не смеат да ги покажуваат додека се на работа, бидејќи работат во стерилна средина која се снима и аудио и визуелно, изјави за Телма Венко Биковски, капетан на „боинг 737“ и инструктор и испитувач.

Никој од надвор не смеел да присуствува во местото каде контролорите ја работеле својата работа – вели пилотот и додава дека тоа би било како куп бактерии и вируси да влезат во операциона сала додека се врши операција врз пациент.

Во моментот кога во М-НАВ се случил упадот, над небото имало 28 летови под нивна контрола.

Тоа е чист терористички акт, каде лица од надвор влегуваат таму каде што не им е местото и ја реметат работата. Доколку во право време не издадете правилна команда додека одговарате за животите на стотици луѓе, може да дојде до несреќа. Во авијацијата постои еден назив кој гласи „стерилитет“. Стерилен кокпит или стерилна соба. Од она што го работам, кога ќе тргнеме во снижување, во пилотската кабина е пропишано да мора да владее стерилна средина, значи не се разговараат приватни работи, туку сме насочени само на тоа што го работиме – додава Биковски.

На прашањето дали овој инцидент може да доведе до последици по довербата во македонската авијација и навигација, тој одговара потврдно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.