Бране Петрушевски, пратеник во Собранието при денешните теренски активности ги посети населените места Речица, Долно Којнаре, Горно Којнаре и Табановце каде ги слушна проблемите на граѓаните од овој регион.

Денеска ги посетивме населените места Речица, Долно Којнаре, Горно Којнаре и Табановце и секаде маката е иста, народот тешко живее и се жали од оваа ненародна власт. Во Речица сточарството скоро и да замрело. Во Долно Којнаре, Горно Којнаре и Табановце имаат сериозни инфраструктурни проблеми, како неасфалтирани патишта и проблем со водоснабдување, рече тој.

Петрушевски посочи граѓаните немаат елементарни услови за живот, а власта троши 117 милиони за незапочнат проект.

-И сето ова се елементарни проблеми, во 21 век додека влада троши 117 милиони евра за незапочнат проект. Но, она што преовладува секаде е оптимизмот и надежта на народот дека е време заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ја срушиме оваа власт и Македонија да го започне својот економски развој онака како што заслужуваат нејзините граѓани, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.