Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ имала средба со претставниците на студентите, со Универзитетското студентско собрание, претседателот Александар Николовски и неговиот тим.
Тие до Собранието доставија барање за измена и дополнување на Законот за студентски оброк. Ние како пратеничка група веднаш го поднесовме и оваа прилика ја користам да ја изразам поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ токму за барањата на студентите.
Законот ќе се најде на утрешната седница, меѓутоа она што забележавме е дека законот е ставен како 23-та точка.
Оттука, ние како пратеничка група ќе побараме оваа точка да биде приоритет бидејќи зконот го поднесовме во скратена постапка односно да се најде како прва точка на дневниот ред заради тоа што ценам дека е исклучително важно да има консензус во врска со барањата на студентите и апсолутно нема потреба да се одолговлекува постапката.
Ги повикуваме колегите од пратеничките групи да се приклучат кон ова барање и да го поддржат законот со цел да излеземе во пресрет на потребите и барањата на студентите и веднаш после тоа, бидејќи истиот ќе се најде и на Комисијата за финансирање и буџет, сме подготвени истиот ден да ја повикаме Комисијата за финансирање и буџет, изјави Марија Петрушевска, пратеничка на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.