Спикерот Талат Џафери кој треба да е прв меѓу еднаквите, да мотивира сите активно да се вклучат во работата на пленарните седници и комисиските седници тој само го крши Деловникот Власта не е присутна во дебатаите во Собранието, рече Марија Петрушевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
Петрушевска говорејќи за Извештајот за работа на Собранието подготвен од Институот за демократија рече дека овој состав посебно пратениците од партиите на власта ги нема никаде.
„Политичкиот кредибилитет на овој состав на Собранието ќе тоне дополнително по она што им се случи на пратениците од партиите на власт на 18 август кога од нив предложените уставни измени не можеа да поминат. Дополнително што ќе ни се пратеници од власта кои ниту се вклучуваат во дебата туку се само гласачка машина“, кажа Петрушевска.
Според неа во овој состав на Собранието воден од Џафери има само сериозно нарушување на собраниски процедури, непочитување на правила, непочитување на етички кодекс, невклученост на потребните страни во дебата за одредени законски решенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.