За жал во Тетово, има толку многу проблеми кои локалната самоуправа треба да ги реши. Враќањето назад, не носи добро никому, рече министерката Петровска на прашање поврзано поставувањето и општинската одлука за уривање на крстот на Попова Шапка, пишува Глас на Америка.

Порака да не се разгоруваат меѓуетнички и меѓурелигиски тензии упатија министерката за одбрана, Славјанка Петровска и нејзиниот заменик во министерството, Тирон Јајага.

Пораките ги упатија после новинарски прашања поврзани со поставувањето на крстот во рамките на црковниот имот на Попова Шапка, како и најавите од тетовската локална власт за негово уривање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.