Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во денешната емисија „Само Интервју“ на Канал 5 за ја бранеше одлуката на техничкиот премиер Талат Џафери, кој му предложи на Собранието да ги разреши министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити.

На нивно место треба да се изберат кадрите кои вчера ги предложи Алијанса за Албанците, по расколот помеѓу актуелниот и поранешниот шеф на партијата.

Зошто ако сметаат дека е подобра опозицијата, да седат во владата?, вели Петровска.

Таа додаде дека опозицискиот албански блок кон каде што сега влече Таравари, актуелниот претседател на Алијансата на Албанците, е понационалистички настроен од ДУИ и дека таква ќе биде нивната предизборна кампања.

Како ќе течат изборите, се помалку ќе се зборува за програми, а повеќе ќе се зборува со националистичка реторика, тврди министерката за одбрана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.