Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, информира дека почнува постапката за темелна анализа на системот на локалната самоуправа во насока на подготовка на измени и дополнувања на предметниот закон.
Денеска го одржавме првиот јавен настан на кој го најавивме овој процес, кој ќе го реализираме заедно со нашите меѓународни партнери и пријатели од УНДП, поради нивното долгогодишно присуство и работа во областа на локалната самоуправа и експертизата со којашто располагаат.
Преку широка дебата од сите засегнати страни ќе целиме кон носење на подобрени законски измени согласно со потребите на граѓаните и ЕУ стандардите.
Од досегашните практики и искуства, извесно е дека во изменетата законска рамка ќе влезе:
• можноста за воведување на механизам за гласање на доверба на градоначалникот, односно можност за отповикување
• воведување на комунална редарска служба, позната како комунална полиција
Европската Унија, кон која тежнееме, е унија на развиени држави, но и на силни и функционални општини. Локалната самоуправа е суштински дел од европските стандарди за добро управување и демократија.
Развиени општини не само што значат развиена држава, туку и претставуваат основа за стабилно и прогресивно општество, информира Перински на социјалните мрежи..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.