Министерот за локална самоупава, Златко Перински, уште еднаш ги потврди своите намери да влезе во трка за градоначалничката фотелја во Град Скопје. Тој во своето гостување во Алсат Телевизија изјави дека сепак крајниот збор го имаат партијата и граѓаните.
Чест ми е што фигурира моето име како потенцијален кандидат за градоначалник на Скопје во рамките на нашата партија. Почестен сум, иако моите обврски и енергијата во моментот се насочени кон извршуавање на министерската функција за којашто сум платен. Никој нема право во рамките на партијата да го монополизира изборот. Апелирам што повеќе заинтересирани луѓе да има за оваа позиција затоа што на тој начин ќе го подигнеме квалитетот на избор и навистина ќе дадеме соодветно решение. Инаку, јас лично сум заинтересиран, но за тоа ќе одлучи партијата, па потоа граѓаните – изјави Перински.
Разговорот со Перински започнува околу 17,минута во оав видео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.