Пензионери од Свети Николе денеска го блокираа патот кон Штип, ова е втора блокада.
Пред седум дена го блокираа патот кон Куманово. Тие и денеска побараа линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари.
Доколку не им се исполнат условите, бараат оставка од Владата.
Светиниколски пензионери најавија дека протестите и блокадите ќе продолжат.
Денеска со автомобили и трактори во времетраење од еден час го блокираа јужниот влез и излез на градот Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.