Рекреативната патека е нова можност за жителите на општината за дружење и за рекреација, се создаваат услови за развој на спортот, но и за локалниот развој, преку збогатување на понудата за домашните и посетителите од странство. Додадена вредност на овој проект е во тоа што е избран од граѓаните на Крива Паланка, во консултативен процес организиран од страна на општината, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој денеска заедно со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, имаше состанок со градоначалникот на општината, Сашко Митовски.
-На задоволство на сите нас, а најмногу на граѓаните на Крива Паланка денеска се заокружува еден убав проект кој што е резултат на соработката меѓу Министерството за локална самоуправа, УНДП, Швајцарската Влада и општината. Двата проекти се финансирани со средства од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарската Влада. Имплементатор е УНДП. Со свои средства учествува и општината, што покажува дека локалните власти се заинтересирани за развојот и за подобрување на квалитетот на живеење на своите граѓани., рече министерот за локална самоуправа.
Според Пенов, министерството за локална самоуправа ги поддржува проектите кои што имаат влијание на локалната демократија. Без локална демократија нема локална самоуправа и обратно, без локална самоуправа нема локална демократија.
– Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП учествува во реализацијата на слични проекти во 40 општини, за што за периодот од 2022 до 2026 година се обезбедени 2 милиони долари, со поддршка на Швајцарската Влада. Овие процеси се взаемно условени, а најважно од се е граѓаните да ја препознаат корисноста од сопственото учество и да го валоризираат својот глас преку создавање на партнерства со локалните власти и заедничко подобрување на условите за живеење во локалната заедница. Исто така денеска имав можност да видам како е опремена Салата на советот на општината. Преку проектот Зајакнување на општинските совети е набавена опрема за пренесување на седниците на Советот во живо. На овој начин се зголемува транспарентноста и отчетноста на локалните власти., истакна министерот.
Двата проекти се реализираа во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.
-Министерството за локална самоуправа ги поддржува проектите кои што имаат влијание на локалната демократија. Без локална демократија нема локална самоуправа и обратно, без локална самоуправа нема локална демократија. Овие процеси се взаемно условени, а најважно од се е граѓаните да ја препознаат корисноста од сопственото учество и да го валоризираат својот глас преку создавање на партнерства со локалните власти и заедничко подобрување на условите за живеење во локалната заедница., заклучи министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.