Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

 

Во состав на официјалната делегација за време на посетата на ОАЕ е министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Претседателот Пендаровски утре, 15 март 2023 година во Абу Даби ќе биде примен од Н.В. Шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, Претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби.

 За време на официјалната посета, предвидено е претседателот Пендаровски да положи цвеќе на Вахат Ал Карама (Оаза на достоинството) и да оддаде почит на мачениците и хероите на Обединетите Арапски Емирати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.