Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Мартин Шулц, претседател на фондацијата Фридрих Еберт и поранешен претседател на Европскиот Парламент, кој престојува во Скопје по повод учеството на вториот Социо-еколошки форум.

 

На средбата се разговараше за севкупните активности на фондацијата во регионот и во Република Македонија, како и за актуелните случувања во поширокиот регион, вклучувајќи ја руската инвазија врз Украина и последиците од неа.

 

Претседателот Пендаровски го истакна придонесот и поддршката на фондацијата во повеќе сфери, вклучувајќи ги европските интеграции, унапредувањето на политичкиот дијалог, социјалниот и економскиот развој и поддршката на образовни и младински политики.

 

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што фондацијата ја дава на Претседателскиот центар за политичко образование и за реализацијата на Школата за политики, што има за цел промоција на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.