Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео-врска се обрати пред амбасадорите и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, во рамки на годишниот Амбасадорски совет, кој се одржува во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Претседателот Пендаровски во своето обраќање направи кус осврт на состојбите на внатрешно-политички план оваа година, посочувајќи на економските предизвици и енергетската криза, како и борбата против корупцијата.
Во контекст на надворешно-политичките аспекти, Претседателот говореше за почетокот на преговорите со ЕУ, обидите за враќање на довербата во евроинтеграцијата и зголемување на поддршката за членство во Унијата, како и за натамошните чекори во преговорите.
Претседателот се осврна и на војната во Украина и ситуацијата во регионот од безбедносен аспект при што го нагласи позиционирањето на Македонија во поширокиот регион и засилениот фокус на Европската Унија кон регионот. Претседателот говореше и за претстојното македонско претседавање со ОБСЕ, како и потребата од зајакнување на билатералните соработки со земјите во кои се акредитирани шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.