Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари видео разговор со припадници на нашата Армија кои се распоредени во меѓународните операции и мисии, предводени од ООН, НАТО и ЕУ.
Претседателот Пендаровски ги поздрави нашите мировници кои се ангажирани во операцијата за поддршка на мирот „КФОР“ во Република Косово – предводена од НАТО, во мисијата на НАТО активноста за зголемено истурено присуство во Република Латвија, во мисиите на НАТО активностите за зголемена будност во Република Бугарија и во Романија, во операцијата за поддршка на мирот „АЛТЕА“ во БиХ – предводена од ЕУ и во мисијата „УНИФИЛ“ во Република Либан – предводена од ООН.
Во разговорот, претседателот Пендаровски се заблагодари за нивниот ангажман, како и професионалоста и пожртвуваноста преку кои припадниците на нашата армија активно придонесуваат за мирот и безбедноста во светот и претставуваат најважен влог во колективната одбрана.
Честитајќи ги претстојните новогодишни празници, претседателот Пендаровски на нашите мировници им посака добро здравје и успех и им порача и натаму да останат посветени и професионални во извршувањето на задачите, бранејќи ги заедничките вредности – мирот и слободата, во земјите каде што се распоредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.