Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Рене Троказ, специјален пратеник за Западен Балкан на Француската Република.
Соговорниците разговараа за актуелните состојби во државата, како и следните фази кои треба да се комплетираат како дел од процесот за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. На средбата стана збор и за односите со соседството и регионот на Западен Балкан во контекст на евроинтеграциите, како и за процесот на проширување на Европската Унија, при што двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбите и перспективите на земјите во регионот во поширокиот геополитички и безбедносен контекст.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за француската поддршка и експертиза која ја добиваме во евроинтегративниот процес и изрази очекување од Франција, како еден од столбовите на Европската Унија, со својата поддршка, да даде суштински придонес за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
На средбата се констатираше дека македонско-француските односи се темелат на традиционално пријателство и меѓусебно разбирање и почитување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.