Претседателот Стево Пендаровски го прими Фехми Стафа, Државен правобранител на Република Македонија.

На средбата се разговараше за тековните активности на Државното правобранителство во функција на правна заштита на имотните права и интереси на државата.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на улогата на Државното правобранителство во севкупниот правосуден систем, во контекст на владеењето на правото како предуслов за напредок на државата. Реформите во сферата на владеењето на правото, според претседателот Пендаровски, се меѓу приоритетите на нашата држава, што не треба да се поврзува само со процесот на пристапување кон Европската Унија, туку и со потребата од функционална правна држава и систем на правда кој ќе ги штити нашите слободи и права и заедничкиот систем на вредности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.