Претседателот Стево Пендаровски, од 16 до 18 февруари 2024 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција.

Предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на настанот „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“ во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева, на настанот „Фокус на Балканот“, како и на настанот „Насоката за трансатлантската заедница после Минхен“ организиран од Атлантскиот Совет.

 

За време на учеството на Минхенската безбедносна конференција предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот. Во фокусот на разговорите на претседателот Пендаровски ќе биде европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.