Пендаровски се уште не се изјаснува дали ќе се кандидира на претседателските избори за следен мандат. Вели дека ќе чека до крајот на годината. Тоа го објаснува со фактот дека секогаш за претседателски кандидат кај нас застануваат најголемите политички блокови. Според Пендаровски, неговиот рејтинг е стабилен и не е променет.
– Јас сум петтиот македонски претседател. Ниту еден од нас не станал како сосема независен кандидат. Да може да се случи на пример Хрватска со Милановиќ, да не кажам други европски држави, излегуваш практично без чија било поддршка, подоцна ти ја даваат партиите и странките таму поддршката и самостојно влегуваш во битка и ја добиваш. Стипе Месиќ пред 20 години од една минорна политичка партија со статистичка грешка доби. Значи, мора да имаш некаков личен рејтинг и мора да бидеш поддржан од поголемите политички партии бидејќи ни е такво општеството и македонско и албанско. Во однос на мојот личен рејтинг јас немам никаква дилема, бидејќи ги знам статистиките. Мојот рејтинг во изминативе пет години не е мрднат од тоа што беше 2019, нека не звучи препотентно, меѓутоа од прилика во тие параметри е, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.