Иако најавена за вчера, не  се одржа средба меѓу македонскиот претседател Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи за консултации за одредени амбасадорски места. Јавноста е посебно заинтересирана дали ќе останат на одлуката македонски амбасадор во Париз да биде Виктор Димовски, чие име како поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност е поврзано со неколку скандали.

Амбасадорското место на Димовски сериозно виси во воздух откако јавноста дозна како директор на АНБ дозволил Олександр Онишченко, украински и руски државјанин да добие македонски пасош. Се работи за лице кое е црната листа на САД на кои им е забранет влезот во таа земја и човек замешан во неколку криминални случаи во Украина. Амбасадори на неколку земји членки на НАТО во Скопје, на македонските власти им препорачале ова кадровско решение да биде поништено.


Повеќе на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.