Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека австрискиот претседател, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.