Во рамки на официјалната посета на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела на Република Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Матарела положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

 

Двајцата претседателипо завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.

 

Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Матарела, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Македонија и Италијанската Република, се одржа заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.