Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Килиан Вал, и амбасадорите при мисијата на ОБСЕ на САД, Мајкл Карпентер, на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Неил Бушна Германија, Геса Браутигамна Италија, Стефано Балди и на Франција, Кристин Фаж. На средбата присуствуваше и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер.

Претседателот Пендаровски и амбасадорите разменија мислења за актуелните состојби и случувања во Европа и регионот, како и за приоритетите на македонското претседавање со ОБСЕ.

Соговорниците разменија информации за улогата на ОБСЕ во контекст на руската инвазија врз Украина и неодложната потреба за обнова на мирот и стабилноста и спречување на натамошни конфликти.

 

Претседателот Пендаровски посочи дека Македонија е целосно подготвена да ја преземе одговорноста и да се соочи со сите предизвици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.