Претседателот Стево Пендаровски денеска – 25 јануари 2024 година, четврток, ќе престојува во работна посета на Република Косово, соопшти неговиот кабинет.

Предвидено е претседателот Пендаровски во Приштина да оствари средби со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу и со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Во Пеќ претседателот Пендаровски ќе ја посети Регионалната Команда – Запад на КФОР, кадешто е предвидено да оствари средба со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара и со припадниците на македонскиот контингент во рамки на КФОР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.