Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Двајцата соговорници разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, регионалните предизвици, соработката во НАТО Алијансата, како и за европската перспектива на Македонија.

На средбата беше реафирмирано долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната британска поддршка и успешната соработка во повеќе области.

Во таа насока, претседателот истакна дека процесот на европската интеграција на земјава и натаму претставува главна движечка сила за трансформација на општеството, којшто позитивно влијание врз стабилноста и развојот на целиот регион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.