Специјалистот педијатар д-р Реџеп Мемеди е назначен за директор на Универзитетската клиника за детски болести, соопшти Министерството за здравство.

Мемеди доаѓа на местото на д-р Валентина Цвејоска- Чолаковска која досега ја извршуваше функцијата директор на Клиниката за детски болести.

Министерот за здравство, Арбен Таравари во изминатите неколку дена именуваше нови в.д. медицински директори во неколку јавни здравствени установи.

На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, а во Градската општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.