Претседателката на Советот на Општина Шуто Оризари, Фатима Османовска, која е и партнерка на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, ќе основа партија, објави Фокус.
Потписите се веќе собрани, а партијата ќе го носи името Унија на Роми.
За регистрација на партија се потребни 1.000 потписи, а Османовска на Фејсбук сподели дека 1.800 граѓани дале поддршка и се потпишале за партијата која ќе се вика Унија на Роми. Неофицијално, претседателка на партијата ќе биде Османовска, а барањето за регистрација е веќе поднесено до Граѓанскиот суд и се чека повратен одговор.
Водени од идејата дека обединети, гласни и соодветно претставувани, може да ја постигнеме политичката застапеност која ја заслужуваме како заедница.
Имајќи ја таа политичка застапеност преку нашето обединување во УНИЈА НА РОМИ ќе постигнеме и напредок на заедницата и унапреден квалитет на живот, не само на ромската заедница, туку на сите малцински заедници и заедници кои не ги уживаат целосно своите права.
Наскоро, по официјалната регистрација, заедницата ќе биде поканета на заедничко стратешко и идеолошко планирање. Благодарност до сите 1.800 поддржувачи, кои се уште веруваат во позитивни промени, порача Османовска.
ФОТО: Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.