По посетата на Вевчани, каде присуствуваше на вевчанскиот карневал, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во Волино – Дебарца каде се отвори нов штаб на партијата.

Во пресрет на Василица се кршеше и лепче со паричка која се падна кај Мицкоски.

На трационалниот Василичарски собир во Волино, паричката од лебчето падна кај мене. Следната година веќе се знае каде ќе бидам на овој ден. Нека е за многу години, објави Мицкоски на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.