Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ смета дека договорот за изградба на коридорот 8 се оштетува буџетот оти изведувачот „Бехтел и Енка“ се ослободува од давачки, царини, акцизи. Посочи дека со одлука на Влада, изведувачот ќе може да прави експлоатација на минерални суровини и додаде: „Се прескокнуваат институции, министерства и закони“.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон изготвување на суштински амандмани, за подобрување на законите и избегнување на штетите кои би ги трпела Македонија“, посочи Панова.

Таа кажа дека премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби ја злоупотребиле службената положба и овластување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.