Пратеникот од редовите на владејачката коалиција, Панчо Минов, во полицијата пријавил дека примил закани преку телефон пред денешната собраниска седница на која треба да се расправа за „францускиот предлог“. Имено му биле испраќани пораки од три броја, на службениот собраниски телефон и со навредливи зборови барале од него да не гласа за францускиот предлог. Настанот според записникот е пријавен какао закана и загрозување на сигурноста.

„На 13.07.2022 во 20.00 часот, во ОВР Кавадарци од страна на П.М. (64) од Кавадарци, е пријавено дека на неговиот мобилен телефон добил неколку пораки со заканувачка содржина. Од страна на ОВР Кавадарци се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.