Македонците се апсолутно во право што се разочарани од Брисел во однос на европските пат, вели словенечкиот претседател Борут Пахор.
Целосно сте во право што сте разочарани од Брисел… Што ние ветувавме? Ако го решите спорот со Грција…“, вели Пахор во интервју за ТВ 21.
Според него, промената на името во Македонија билa исклучително тешкa, а тие како ЕУ не го оствариле ветеното.
Тоа што го направивме беше тешко, исклучително тешко. Се подразбира дека тоа е поради ветото на Бугарија која има право на вето, тоа не е возможно. Ама видете, како и да е, тој авторитет и кредибилитет што Брисел го имаше во Македонија сега се губи. Тоа им го кажувам на сите соговорници. Не е така само во Македонија, туку и во другите земји од Западен Балкан, рече Пахор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.