Вознемирувачко видео е објавено на социјалните мрежи.
Пациентката Рабие Ибрахимова, со придружба на нејзиниот син Синавер Ибрахимов и сопруг Беадин Ибрахимов отишле во Итна медицинска помош со проширена дејност Кочани.
Таа имала влошена здраствена состојба, но според сведоци, не сакале да ја примат во болницата.
Седната на подот во ходникот, жената буквално моли за помош.
Пациентката Рабие Ибрахимова,со придружба на неговиот син Синавер Ибрахимов и Сопруг Беадин Ибрахимов се имат појавено Во Итна Медицинска Помош Со Проширена Дејност
Кочани,Со Влошена Здраствена Состојба,Која Во Моментот е На Интерно Одделение Во Штип,Од еден час и повише пред Вратата на И.М.П еден час Ја Молат Др.Сања Тасова Анчова да им пружи Лекарска помош,Додека истата неќеше да стане од спиенје,Се Додека Не Интервениравме На Службениците Од МВР!
Дојдоа Полициски Службеници,Со разговор и Молење на Докторката Сања Тасова Анчова,Ја прими на Преглед,Од Инсет и Дискриминација Спрема Ромската Популација И даде Грешна Терапија која нанесе повлошена Здраствена Состојба,Која Што Денес 18.09.2022 год во 14.00 час.Пациентката Со По Влошена Здраствена Состојба Е на Интерно Одделение Во Штип!
Нека Видат Надлежните Институции Др Сања Тасова Анчова,Кривичниот Закон 207 За Неукажана Лекарска Помош и Несовесно Лекување има над 25 поплаки и Кривични Пријави,Сеуште Надлежните не превземуваат никаква Соодветна Мерка,Додека Дискриминацијата и Омразата Од Страна на Горе Спомнатата Докторка Ромите се Малтертирани од Страна на Нејзе!
Јас Како Ѓеге Демировски,Нема да дозволам моите роми да бидат малтертирани и понижени во сите институции – стои во објавата на социјалните мрежи
Корисниците на фејсук коментираат дека докторката која се споменува, Сања Тасова Анчова е кадар на СДСМ и воедно советник од редовите на владејачката партија во Општина Чешиново- Облешево
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.