На седница на партискиот Централен одбор, ЗНАМ – За наша Македонија ги утврдила кандидатите за двајца заменици министри во Владата, во министерствата за дигитална трансформација и за енергетика и рударство.
Како што соопшти портпаролот на партијата Никола Мемов на прес-конференција, за кандидат за заменик-министер за енергетика е предложен Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротехника, роден 1982.
За кандидат за заменик-министер за дигитална трансформација од УО на ЗНАМ е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски, магистер по економски науки, роден 1987 година.
Партијата на Максим Димитриевски во новата Влада има две министерски места – Горан Минчев е министер за јавна администрација и Игор Филков – министер за правда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.