Теренските посети во акцијата „Ова е Македониија за сите” на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат и овој викенд со 19 тимови составени од 200 политички функционери кои ќе посетат над 100 населени места ширум Македонија.
Целта на акцијата е да се слушнат што повеќе проблеми со кои се соочуваат граѓаните и да се слушнат нивните реални потреби и барања, а потоа да се изнајдат решенија. ВМРО-ДПМНЕ скоро 2 години покажува како се владее и управува со локалната власт, а тоа ќе се преслика и на централно ниво. Проблемите на граѓаните се нашиот мотив за работа и подобрување на оваа катастрофална ситуација во која живеат изминатите 6 години откако владеат СДС и ДУИ. Мораме да изградиме држава во која младите ќе останат овде, работниците ќе работат тука, држава во која има квалитетно образование и здравство, и во која ќе има одговорност и ќе владеат законите подеднакво за сите. Делуваме заедно со народот и ќе обезбедиме надеж и подобра иднина за сите. ВМРО-ДПМНЕ ги носи промените. Ги повикиваме сите граѓани да се обединат за иднината на граѓаните и Македонија, да излезат масовно и да ги кажат своите проблеми и да бидат дел од промените. Ова е Македонија за сите!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.