Гостиварско Чајле денес собра голем број верници на заедничко христијанско радување, по повод осветувањето и поставувањето на куполниот крст на црквата „Свети Атанасиј Велики“.
Свечениот чин на осветување на крстот, што го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на свештенослужители од гостиварското архиерејско намесништво.
Владиката г.Јосиф изрази благодарност до иницијативниот одбор и до сите кои придонесоа за реконструцијата на црквата и денешниот чин на поставување на осветениот крст.
„Ретко се гледа ваков храм којшто е вака убаво украсен и среден. Нашиот живот почнува во црквата и завршува во црквата. А кога станува збор за крстот, има многу што може да се каже, како што слушнавте и во самите молитви. Крстот е украс на вселената, крстот е радост за секој христијанин. Кога и да ни е тешко, ние се прекрстуваме. Крстот го имаме во секој храм, во секој наш дом, во секое возило христијаните го носат. Убаво е кога сме во искушение, во маки, да се прекрстуваме. Кога и да видите, на секоја купола, на секоја црква убаво е да се прекрстите, да се помолите, да го спомнете светителот чие име го носи храмот, во овој случај Свети Атанасиј Велики, па по неговите молитви Бог да ве благослови сите. Да се гледаме за многу богослужби и многу радости во црквата“, рече во своето обраќање пред верниците, Митрополитот г.Јосиф.
Културно-уметничката програма на денешниот настан беше исполнета со настап на ГАКУД „Браќа Ѓиновски“.
Храмот во Чајле има голема историската вредност. Првично бил изграден околу 1870 година на место каде што се верува дека постоеле остатоци од манастир.
Од Црковниот одбор најавија дека ќе продолжат со разубавување на црквата и во наредниот период ќе се работи на уредување на дворната површина и помошните објекти.
извор/фото: гостиварпрес.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.