Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на денешната посета на Црна гора по повод министерскиот состанок на САД – Јадранска Повелба на групата А5, реализираше и одвоени средби со Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, како и со Премиерот на земјата Дритан Абазовиќ.

 

На средбите беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу двете земји, активностите поврзани со сојузништвото во НАТО, како и заедничките предизвици поврзани со преговорите на двете земји за полноправно членство во Европската Унија.

 

На средбите стана збори и за геополитичките околности на меѓународен план, со посебен фокус на руската агресија врз Украина и последиците што тоа ги предизвикува во регионот; при што Османи ја реафирмираше поддршката за Украина од страна на Македонија на секое можно ниво.

 

Османи реферираше и за приоритетите и предвидените активности на Македонија во рамките на претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година, посочувајќи на состојбите во Украина и враќањето на мирот и стабилноста на терен, како најважни предизвици за Организацијата во претстојната година.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.