Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се приклучи на меѓународната иницијатива за одбележување на Денот на независноста на Украина, 24 август.
Во рамки на одбележувањето, Османи се приклучи на иницијативата на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, која ја поддржаа голем број на министри за надворешни работи.
Имено, Османи се надоврза на нишката од стихови на украинската химна која ја започна Кулеба на неговиот профил на социјалната мрежа „X“, а на која се надоврзаа светските шефови на дипломатијата.
Ова е уште еден симболичен гест кој ја потврдува поддршката што Македонија и ја дава на Украина за заштита и одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет кој е под напад од руската воена агресија.
Во знак на поддршка, на зградата на МНР вчера беше поставено и украинското знаме во чест на Денот на државното знаме на Украина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.