На маргини на НАТО Министерскиот состанок, во Брисел, министерот Бујар Османи разговараше со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Во фокусот на разговорите беше соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава.

Шоле и Блинкен изразија силна поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија што е споделен стратешки интерес на Македонија и САД и влог во целокупната регионална стабилност.

Министерот Османи денес ја продолжува посетата на НАТО во Брисел, втор ден од НАТО министерскиот состанок со средби со негови хомолози.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.