Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 1 365 од вкупно 3 508 избирачки места води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 35,37 отсто од гласоците, пред Бујар Османи од ДУИ со 18,18 проценти од гласовите
Трет е кандидатот Стево Пендаровски од СДСМ со 17,34 проценти од гласовите.
Следи Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 13,26 %, Максим Димитриевски од ЗНАМ – 7,39 %, Билјана Ванковска поддржана од Левица има 4,18 %и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 0,91 проценти.
Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.
Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.