Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, по вчерашната посета на Грузија, денес ја продолжува посетата на Јужен Кавказ на средби со високи претставници на Азербејџан.
На денешната агенда се средби со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, министерот за надворешни работи Џејхун Бајрамов, како и претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова.
Османи на средбите ќе ја истакне важноста на Организацијата во обезбедувањето на безбедноста во поширокиот регион и потребата од регионалната соработка на земјите од Јужен Кавказ.
Покрај тоа, Османи во Азербејџан ќе разговара и за мировниот процес со Ерменија и ќе понуди поддршка од ОБСЕ за промовирање и продолжување на дијалогот помеѓу сите страни за постигнување на сеопфатен и одржлив мировен договор.
ОБСЕ ќе поддржи иницијативи што ќе водат до нормализирање на односите, а Македонија како Претседавач ќе го понуди и своето искуство во решавање на разликите со соседите преку мултилатерални платформи за дијалог. Овие пораки Османи ќе ги пренесе до азербејџанските државници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.